Вистински ефикасен потполно природен дезодоранс за под пазуви. Ја негува кожата и не го стопира потењето. Тестиран од страна на вистински луѓе во секакви секојдневни ситуации.
Native дезодорансот е 100% природен дезодоранс. Високо ефикасен благодарение на синергистичкото дејство на активните компоненти: природен кристал, етерични масла и цветни водички. Составот на активните компоненти е во потполност избалансиран за да овозможи неутрализирање на непријатните мириси предизвикани од микроорганизмите. Потењето се одвива непречено, а природната флора на кожата под пазувите не е нарушена. Нашата фитотерапевтска формула е докажано ефикасна преку многубројните задоволни клиенти.
Овој нежен дезодоранс во облик на спреј ја негува вашата кожа, не остава флеки на Вашата облека и Ви овозможува потполна свежина во текот на целиот ден.
Без алуминиум, без парабен, без вештачки мириси, без вештачки конзерванси.
Текстура: Освежителна проѕирна до слабо млечна течност во облик на емулзија за распрскување.
Мирис: Освежителен, релаксирачки и енергетизирачки бленд од етерични масла на лаванда, чајно дрво, жалфија и босилек.
Клучни активни компоненти:
Природен кристал – дезодорира и спречува развој на непријатни мириси
Комплекс од лимунска киселина и фарнесол - составни компоненти на етерични масла. Делува на отстранување на непријатните мириси. Нежен за кожата под пазувите.
Ароматерапија – делува дезодорирачки и антимикробно
Начин на употреба: Се нанесува директно на кожата под пазувите. Исклучително нежен така да може да се нанесува и на свежо депилирана или избричена кожа.
Состав: лимонска киселина*/**, фарнесол*/**, калиум алуминум* (кристал, не содржи алуминиум), дестилирана вода*, растителен глицерин* пантенол, етерично масло од чајно дрво*/**, етерично масло од лаванда*/**, етерично масло од босилек*/**, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина
*Состојки од природно потекло 99,6%
*** Составни компоненти на етеричните масла
50 ml






Критики
Нема критики сеуште.