Моќна фитотерапевтска формула за отстранување на НАЈТВРДОКОРНИ ОБЛИЦИ НА ЦЕЛУЛИТ.
Содржи ГОТУ КОЛА, БРШЛЕН, ментол и бленд од антицелулитни етерични масла. Готу кола делува на врзивното ткиво и го поттикнува неговото ремоделирање. Научно е докажано нејзиното делување на најтврдокорните облици на целулит. Бршленот ја забрзува циркулацијата и ги намалува масните наслаги во критичните зони.
Серумот е со ефект на ладење и е погоден за лица со проширени вени.
Со редовна употреба кожата е измазнета, исхранета и изгледа нежно и здраво.
Текстура: Суво масло кое не остава чувство на маснотија и масни траги. Бргу се впива.
Мирис: Интензивно растителен со потенцирана цитрусна нота.
Клучни активни компоненти
Екстракт од Готу Кола – благодарение на тритерпените делува на сите 7 сегменти од целулитот: опуштеност на кожата, задржување на вода, акумулација на маснотии, гликација, оксидативно оштетување, воспаление, фиброза
Масло од бршлен – Ја зголемува циркулацијата, ја потенцира липолизата и го забрзува разградувањето на целулитот. Ја затегнува и тонира кожата. Благодарение на сапонините спречува ретенција на течности во кожата.
Ароматерапија – спречува таложење на лимфа под кожата што е едно од главните причинители на целулит, потенцира создавање на хијалуронска киселина, ја зголемува цврстината на кожата.
Начин на употреба:
Се нанесува после капење со масажа најдобро со вакуум чаша, антицелулитен ролер или gua sha во времетраење од најмалку 10 мин.
За поинтензивен ефект при капење користете Body Firm сапун со кафе и цимет. Наутро и навечер нанесете антицелулитен путер BODY FIRM од Ignea eco aroma cosmetic.
Состав: масло од бршлен*/**, готу кола*/**, масло од сончоглед*/**, ментол*, етерично масло од бибер*/**, етерично масло од грејфрут*/**, токоферол*,
*Состојки од природно потекло 100%
** Состојки од органски узгој 98.5%
Пакување: 100 мл






Анита –
Среќна сум што ни целулитот не може да одолее на Body Firm линијата на Игнеа: сапун, серум и путер за тело – три за едно, ефикасно и ефектно!
Ова природно трио го користам трета година по ред и за масажа со Body Firm серумот препорачувам да користите вакум чаша, ролер или мини масажер, но може да и со рачна масажа. Ефектот на кора од портокал на кожата постепено исчезнува при редовно користење на анти-целулитното трио на Игнеа.