Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

by | Мар 29, 2026 | Новости | 0 comments

Стриите се еден од најчестите предизвици кога кожата поминува низ промени – бременост, пубертет или нагло зголемување на тежината. Иако не постои 100% гаранција дека ќе се спречат, добрата вест е дека со правилна нега нивниот ризик може значително да се намали.

Како настануваат стрии

Стриите се појавуваат кога кожата почнува да се растегнува, а фибробластите, клетки кои создаваат колаген и еластин не можат доволно бргу да реагираат.

Како резултат:

  • колагенските влакна стануваат хаотично распоредени и слаби
  • количината и квалитетот на еластин се намалува
  • еластинските влакна се пократки
  • кожата станува дехидрирана

Сето ова доведува до намалена еластичност, цврстина и отпорност – и појава на видливи линии, односно стрии.

Што е неопходно за ефикасна превенција

За да се намали ризикот од стрии, важно е да се делува на три нивоа:

  • Добра хидратација
  • Задржување на влагата и исхрана на кожата
  • Регенерација – за да се обнови структурата на кожата

Клучот не е во една состојка, туку во комбинацијата.

Зошто хидратацијата е толку важна?

Хидратацијата не е само „мека кожа“. Таа е основа за правилна функција на клетките.

Најдобро средство за хидратација е хијалуронската киселина која природно се наоѓа во кожата. Хијалуронската киселина, има способност да врзува вода и создава идеална средина во која се создава квалитетен колаген и еластин.

Кога кожата е добро хидрирана, таа:

  • подобро се прилагодува на растегнување и е поеластична
  • има поголема отпорност
  • помалку е склона кон оштетувања

Hydration vs Moisturizing – зошто ни требаат и двете?

Ова се две состојби кои најмногу се мешаат:

  • Hydration → внесување вода во кожата (хијалурон)
  • Moisturizing → задржување на таа вода (масла и путери)

Маслата и путерите создаваат заштитен слој  кој спречува губење на вода од кожата (мoisturizing), но сами по себе не ја хидрираат кожата. Затоа маслата се нанесуваат на влажна кожа, со што се создава т.н. псеудо (лажна) емулзија и се внесува мала количина на вода. Долготрајно користење само масла, без хидратација, може да доведе до:

  • дехидратација на кожата
  • намалена еластичност
  • послаб квалитет на колаген и еластин
  • поголем ризик од стрии

Од друга страна, ако користите само хидрантни состојки без липиди, водата бргу испарува. За да имате вистински ефект, користете комбинација.

Регенерација – клучниот чекор што најчесто недостасува

Додека хидратацијата ја подготвува кожата, регенерацијата ја обновува.

Во раната фаза на создавање стрии,

  • колагенот е слаб и неорганизиран,
  • еластинот е намален,
  • започнува создавање на лузни.

Ако се делува во оваа фаза, може значително да се подобри структурата на кожата.

Регенеративните состојки:

  • ја стимулираат активноста на фибробластите
  • ја зголемуваат синтезата на колаген и еластин
  • ја подобруваат нивната организација
  • го намалуваат ризикот од создавање лузни

Најефикасни се:

  • Centella asiatica (Готу Кола)
  • Смил (Helichrysum italicum)
  • Пантенол

Дали Готу Кола (Centella asiatica) може да биде вистинско решение за стрии

Готу Кола е растение кое со векови се користи за заздравување на рани без создавање на лузни. Денеска се повеќе се применува како добар третман за веќе создадени стрии.

Готу Кола (10% екстракт) делува така што:

  • ја подобрува еластичноста и дебелината на кожата
  • ја поттикнува регенерацијата
  • ја зголемува синтезата на еластин
  • ја подобрува организацијата на колагенот
  • ја намалува фиброзата (лузни)

Клиничките студии покажуваат 89% ефикасонст во превенција на настанување на нови стрии и 42% подобрување на изгледот на стари стрии.

Смил – моќен сојузник

Смилот е исклучително вредно медитеранско растение познато по одржување на добар тонус.

Особено е важно затоа што:

  • намалува воспаление – често присутно во раните фази на создавање стрии (црвени стрии – striae rubrae)
  • подобрува микроциркулација
  • ги заштитува колагенот и еластинот од оштетувања
  • регенерира и спречува создавање на лузни

Моќна комбинација со Готу Кола; едното гради  ново ткиво, другото штити и стаблизира.

Заклучок – комбинацијата е клучна

Стриите не можат секогаш целосно да се спречат, но нивната појава може значително да се намали.

Најефективниот пристап вклучува:

  1. Хидратација – хијалуронска киселина
  2. Задржување на влагата – масла и путери
  3. Регенерација – Готу Кола, смил и пантенол

Во пракса, комбинирањето на сите овие чекори со повеќе производи може да биде комплицирано и не секогаш доследно.

Затоа формули кои ги обединуваат сите три механизми во еден производ се најпрактично решение.

Таков пристап е применет кај Mommy To Be путерот за превенција од стрии, кој комбинира:

  • Готу Кола
  • смил
  • пантенол
  • природен хијалурон
  • масло од авокадо

Со редовна употреба:

  • се подобрува еластичноста на кожата
  • се намалува ризикот од појава на стрии
  • се ублажува изгледот на веќе постоечките стрии

Извор:

  • The Natural Centellaa asiatica Extract Acts as a Stretch Mark Eraser: A Biological Evaluation; Cloe Boira at al
  • Striae gravidarum: Risk Factors, prevention and management; International journal of woman’s dermatology; B.Farahnik at al

Dr Abigail Waldman, Dermatologist, Harvard Associate Professor Skincare and dermatology

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Resent Post
Кога за квалитетот не зборува само брендот

Кога за квалитетот не зборува само брендот

„Природно“. „Clean“. „Premium“. „Иновативно“. „Ефикасно“. Во козметиката денес не недостигаат големи зборови. Но сите нив може да ги напише самиот бренд. Затоа за IGNEA меѓународните признанија имаат поинаква вредност. Не како значки на пакувањето. И не како доказ...

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Употреба на било каков заштитен УВ фактор при престој на сонце и отворено е подобар од никаков. СПФ (Сончев Заштитен Фактор) e нумерички показател што покажува колку ефикаснo кремата за сончање ја штити кожата од UVB зраците или поточно ја намалува можноста за појава...

Три меѓународни престижни награди за Fit Face Pro Age рутината на Ignea Cosmetics

Три меѓународни престижни награди за Fit Face Pro Age рутината на Ignea Cosmetics

Македонскиот бренд за природна козметика Ignea Cosmetics освои три престижни меѓународни признанија на Beauty Shortlist Awards – награди со седиште во Англија, кои се сметаат за едни од највлијателните во светот на природната и одржлива козметика. Fit Face Pro Age –...