Нашата кожа во зимските денови е изложена на сув, студен воздух, на отворено и сув, топол воздух внатре во загреаните простории.
Престојот на сув воздух доведува до забрзано губење на водата од кожата и нејзина дехидратација. Студениот воздух дополнително предизвикува вазоконстрикција на крвните садови во кожата која директно е изложена истиот и послаба исхрана на кожата. Сето ова резултира со чувство на сувост и затегнатост на кожата. Може да се појави црвенило, перутање или чешање.
Има ли решение?
Време е за “побогата” нега на лице!
Секогаш бирајте здрава природна козметика. Тоа ви е сигурен влог за здрава, сјајна кожа со помалку брчки.
Одберете хијалуронски серум со високи дози на хијалурон (по можност природен облик) искомбиниран со хранливи активни компоненти (алга ламинарија, црвени алги, висококвалитетни масла). Хијалуронот особено ако е од природно потекло предизвикува интензивна површинска и длабинска хидратација на кожата.
Fit Face серумот е вистински избор бидејќи содржи високи дози на хијалурон, алга ламинарија, пантенол и ресвератрол. Ресвератролот е еден од најмоќните антиоксиданси и ја штити клетката од слободни радикали и оштетување. Вистински избор за заштита од УВ зраци, загадување и останати стресори од околината. Делува на изедначување на тенот, хиперпигментации, го продолжува векот на теломерите, ја штити клетката од стареење.
Алга ламинарија според клиничките студии покрај тоа што ја намалува длабочината на брчките,богата е со есенцијални микро нутриенти кои ја хранат кожата.
Овој период користете похранливи хидрантни креми за лице. Дури и ако имате масна Т зона консултирајте се дали периодов да користите крема за нормална кожа.
Хидрантните масла за масажа на лице како што е Fit Face маслото може многу да помогне кај лица со перутава и екстремно сува кожа. Содржи хијалурон кој нема да дозволи дополнителна дехидратација на лицето.
Користете нежни органски отстранувачи на шминка во ноќната рутина. Избегнувајте агресивни отстранувачи, агресивни пилинзи за лице. Тие само можат дополнително да ја влошат ситуацијата.
Наутро измијте го лицето со млака вода, па со студена вода. Студената вода ќе ја активира циркулацијата и ќе ја подобри исхраната на кожата. Немате потреба од било какви чистачи на лице. Сте спиеле на чиста перница, не ја симнувајте природната бариера која кожата преку ноќ почнала да ја создава, напртив нанесете здрава природна нега за да ја поддржите истата.
Серуми со ретинол, производи со салицилна киселина од не природно потекло, јаки кератолитици треба да се избегнуваат овие месеци особено ако се престојува на планина. Тоа се терапевтски агенси кои ги даваме за третман на дадени состојби.
Консултирајте се и добијте совет за здрава нега на лице.
За крај
Користете секојдневно природна високо квалитетна козметика. Само тогаш ќе имате здрава кожа со воспоставен хидро-липиден баланс. Таквата кожа лесно се адаптира на климатските промени. Можеби ќе бидат потребни само мали корекции во рутината при екстремни услови.
Кожната клетка е дел од твојот организам, само не’ одделува од надворешната средина. Храни ја потполно исто како што ја исхрануваш и секоја друга клетка од твоето тело. Затоа внимавај што нанесуваш.





0 Comments