Според најновите статистички податоци 90% од жените барем еднаш во животот се соочиле со појава на целулит. Дури и оние со идеална телесна тежина имаат проблем со „портокаловата кора“. За повеќето жени ова представува голем естетски проблем и бараат различни начини како да го отстранат…
За жал само мал процент од нив успеваат во тоа. Која е нивната тајна формула?
За да го разбереме ова мора најпрвин да знаеме што е тоа целулит, како настанува и што треба да промениме?
Што е целулит?
Целулитот не е кожен проблем, тоа е проблем кој настанува во поткожното ткиво, како резултат на лош животен стил или хормонски промени. Настанува поради вишок масно ткиво, ослабено сврзно ткиво, нарушена циркуларција и размена на материи, губење на еластичноста на кожата, како и задржување на вода во ткивата. Овие промени се видливи на површината на кожата како нерамнини најмногу во пределот на бутините, стомакот, задникот и рацете.
Ризик фактори
Ризик фактори кои водат до појава на целулит вклучуваат:
- Хормонални промени: Естрогенот, игра важна улога во задржување на вода и маснотии во телото.
- Генетика: Генетската предиспозиција може да има големо влијание на тоа дали ќе се развие целулит или не. Ако некој од вашите родители има целулит, шансите да го развиете и вие се поголеми.
- Недоволна физичка активност и седетарен стил на живот: Недоволната физичка активност може да предизвика зголемување на телесната тежина и акумулација на маснотии, слабеење на мускулите и недостаток на тонус, што може да го потенцира создавањето и изгледот на целулитот.
- Исхрана: Лошата исхрана, особено внес на високи количини на сол, шеќери и масти, може да ја наруши циркулацијата и да доведе до акумулација на масни наслаги.
- Стрес и лоши навики: Стресот, пушењето и прекумерното консумирање на алкохол можат да ја влошат состојбата.
Видови на целулит
Целулитот може да се класифицира во неколку типови, зависно од неговата сериозност и изглед:
- Лесен целулит: Овој тип на целулит се јавува како благо бранување на кожата. Обично се гледа само при притисок на кожата.
- Среден целулит: Поизразен е и може да се види дури и кога кожата не е под притисок. Се јавува при поголема акумулација на масти.
- Тежок целулит: Овој тип е најтежок и најнепријатен, со јако изразени нерамнини на кожата кои можат да бидат и болни.
Видови на третмани за целулит
Постојат различни видови третмани за целулит, од природни методи до напредни козметички и медицински процедури. Третманите за целулит се користат за да се подобри изгледот на кожата и да се намали појавата на „кората од портокал”. Еве некои од најпопуларните видови третмани за целулит:
- Козметички препарати
- Мазажа: лимфна дренажа и механичка масажа со апарати со вакуум или ролери.
- Ласерски и радиофрекфентни третмани
- Микродермоабразија
- Мезотерапија
- Криотерапија
- Липосукција
Резултатот од сите овие третмани е неизвесен и краткотраен. Тогаш кој е одржливиот начин за намалување на целулитните наслаги?
Холистички пристап во третман на целулит
Третман кој ја зголемува циркулација во масното ткиво на целулитот, ја подобрува состојбата во врзивното ткиво, односно потенцира синтеза на колаген, поттикнува липолиза, а превенира липогенеза, делува антивоспалително е идеално средство за отстранување на целулит. Единствениот одржлив начин за намалување и целосно отстранување на целулитот е холистичкиот пристап кој вклучува:
- Природни козметички препарати
- Масажа со природни масла за целулит на база на фито и арома терапија
- Здрава избалансирана исхрана и добра хидратација (повеќе во наредниот блог)
- Физичка активност која подразбира вежби за истегнување на загрозената регија. Кардио вежбите не одат во прилог на целулитот бидејќи го зголемуваат нивото на стрес хормони односно кортизолот. (повеќе во наредниот блог)
- Справување со стресот. Испитувањата покажуваат дека целулитот може да биде предизвикан од зголемените нивоа на катехоламини, поради стресот, односно поради високиот кортизол. Дополнително, неконтролираниот стрес води и кон зголемена телесна тежина, уште еден ризик-фактор за целулит, но и кон намалена продукција на колаген, протеин кој е клучен за здравјето или младиот изглед на кожата.
- Добар сон
Body Firm антицелулитен програм
Представува синергија од најмоќните фитотерапевтски и ароматерапевтски агенси во борба со целулитот.
Body Firm сапун со кафе и цимет општо ја забрзува циркулацијата и овозможува активните компоненти од Body Firm серумот да навлезат длабоко во поткожното ткиво каде ќе ја забрзаат циркулацијата во самиот целулит, ќе го активираат неговото разградување и топење на мастите, при тоа фаворизирајќи синтеза на колаген. Самата масажа со ролерот го зголемува дејството 100тици пати. Body Firm серумот представува концентрат на готу кола, бршлен и ароматерапија. Body Firm путерот се нанесува наутро и навечер и овозможува 24 часовно делување на целулитните наслаги. Содржи готу кола, бршлен и корални алги во синергија со ароматерапија.
Ако сакате да го намалите целулитот тоа можете да го постигнете со Body Firm програмата за намалување на целулит. Ако сакате целосно да го решите мора да го промените Вашиот животен стил. Добар антицелулитен третман, добри навики за нега на кожата, масажа, здрава исхрана, редовна физичка активност се клучни за долгорочни резултати. Третирањето на целулитот може да биде долгорочен процес, но со правилни методи, може да се постигнат видливи подобрувања во изгледот на вашата кожа!





0 Comments