Активна рутина за нега на кожа склона кон акни
Активна рутина за нега на кожа склона кон акни
Original price was: 2.770,00 ден.2.630,00 денCurrent price is: 2.630,00 ден.
Eфикасна рутина наменета за нега на кожа склона кон акни. Формулирана за темелно чистење, балансирање и третман на проблематична кожа. Рутината го регулира прекумерното лачење на себум, го отстранува вишокот маснотии, делува антибактериски и антифунгално и помага во отстранување и превенција на флеки и неправилности.
Што содржи рутината?
- AntiAcne сапун
Темелно ја чисти кожата и го отстранува вишокот маснотии без да ја исуши. - Тоник
Ги чисти и намалува порите, го регулира лачењето на себум и ја подготвува кожата за понатамошна нега. - Eternity C+ серум
Активен серум кој помага во спречување и отстранување на флеки. Делува на бактериите и габите кои се причинители за појава на акни и го изедначува тенот. - Leda Teen крема
Делува на сите фактори кои придонесуваат за појава на акни и помага кожата да биде чиста, смирена и избалансирана. - Коњак сунѓер
Природен сунѓер добиен од растението коњак. Обезбедува благ пилинг ефект и е наменет за секојдневна употреба. Ја подобрува текстурата на кожата и овозможува подобра апсорпција на производите.
Како се користи?
Наутро и навечер:
- Измијте го лицето со AntiAcne сапунот (избегнувајте ја областа околу очите).
- Натопете го коњак сунѓерот со вода додека не омекне, нанесете тоник и нежно поминете го лицето, вклучувајќи ја и очната регија.
Тоникот може да се користи и за отстранување на лесна шминка. Не е потребно плакнење. - Нанесете тенок слој од Eternity C+ серумот.
- Завршете со нанесување тенок слој од Leda Teen кремата.
Резултат:
Почиста, избалансирана и видливо посмирена кожа со намалени акни, пори и флеки.






Sandra –
Prezadovolna sum! Rutinava navistina deluva i pravi razlika — kožata mi e pomirna i počista. Vi blagodaram za odličnite soveti i proizvodi!