Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Активна рутина за нега на кожа склона кон акни
Купи!

Активна рутина за нега на кожа склона кон акни

(1 Преглед на корисник)

Original price was: 2.770,00 ден.Current price is: 2.630,00 ден.

SKU: 00000030 Категорија

Eфикасна рутина наменета за нега на кожа склона кон акни. Формулирана за темелно чистење, балансирање и третман на проблематична кожа. Рутината го регулира прекумерното лачење на себум, го отстранува вишокот маснотии, делува антибактериски и антифунгално и помага во отстранување и превенција на флеки и неправилности.

Што содржи рутината?

  1. AntiAcne сапун
    Темелно ја чисти кожата и го отстранува вишокот маснотии без да ја исуши.
  2. Тоник
    Ги чисти и намалува порите, го регулира лачењето на себум и ја подготвува кожата за понатамошна нега.
  3. Eternity C+ серум
    Активен серум кој помага во спречување и отстранување на флеки. Делува на бактериите и габите кои се причинители за појава на акни и го изедначува тенот.
  4. Leda Teen крема
    Делува на сите фактори кои придонесуваат за појава на акни и помага кожата да биде чиста, смирена и избалансирана.
  5. Коњак сунѓер
    Природен сунѓер добиен од растението коњак. Обезбедува благ пилинг ефект и е наменет за секојдневна употреба. Ја подобрува текстурата на кожата и овозможува подобра апсорпција на производите.

Како се користи?

Наутро и навечер:

  1. Измијте го лицето со AntiAcne сапунот (избегнувајте ја областа околу очите).
  2. Натопете го коњак сунѓерот со вода додека не омекне, нанесете тоник и нежно поминете го лицето, вклучувајќи ја и очната регија.
    Тоникот може да се користи и за отстранување на лесна шминка. Не е потребно плакнење.
  3. Нанесете тенок слој од Eternity C+ серумот.
  4. Завршете со нанесување тенок слој од Leda Teen кремата.

Резултат:

Почиста, избалансирана и видливо посмирена кожа со намалени акни, пори и флеки.

1 преглед за Активна рутина за нега на кожа склона кон акни

  1. Sandra –

    Prezadovolna sum! Rutinava navistina deluva i pravi razlika — kožata mi e pomirna i počista. Vi blagodaram za odličnite soveti i proizvodi!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *