Зимата е еден од најголемите предизвици за кожата. Студениот сув воздух, ветерот, загадувањето, во комбинација со топлите простории бргу го нарушуваат хидролипидниот слој на кожата, при што таа станува сува, дехидрирана и често зацрвенета. Се чувствува сувост и затегнатост и ако не се примени соодветна нега се појавуваат дехидратациони бори и фини линии. Доаѓа до предвремено стареење на кожата.
Откријте ја едноставната, но богата и одржлива нега – рутина што ја хидрира, храни и штити кожата од УВ зраци, дигитална светлина и оксидативен стрес.
Кога кожата е во хидролипиден баланс, таа изгледа свежо, еластично и сјајно – без разлика на временските услови.
Ефикасноста на одржливата рутина е во скинимализмот
Минималистичката нега подразбира употреба на што е можно помалку препарати, но високо ефикасни, повеќенаменски и внимателно формулирани. Колку помалку се оптеретува кожата со активни компоненти, толку повеќе ѝ се дава простор самата да се регенерира и природно да создава колаген, еластин и хијалурон – сè што ѝ е неопходно за здрав и младешки изглед.
Во Ignea, кожата не се „третира“– туку се исхранува. Наместо агресивни компоненти, ѝ се обезбедува балансирана поддршка што работи во синергија со нејзините природни процеси.
Природната рутина во облик на скинимализм е единствената рутина на која кожата не создава навика. Таа останува подеднакво ефикасна и по години континуирана употреба, без потреба од постојани промени, па дури и по 10 години користење на истите препарати.
Утринска Ignea рутина
Чекор 0 – Миење со вода
Наутро лицето измијте го со млака вода, а потоа кратко исплакнете со ладна вода. Млаката вода нежно ги чисти порите, додека ладната вода ја подобрува циркулацијата и исхраната на кожата.
Запомнете!!! Спите на чиста перница. Кожата ноќе создава природен заштитен слој. Не го отстранувајте со агресивни чистачи и двојно чистење.
Чекор 1 – Интензивна хидратација
По миење нанесете високо хидрантен, хранлив серум кој содржи хијалурон, сквалан, алое вера, глицерин, хранливи растителни екстракти.
Fit Face серумот содржи хијалурон од природен извор за хидратација, ресвератрол од грозје (моќна антиоксидативна заштита), хранлив екстракт од алга ламинарија, сквалан. Обезбедува интензивна хидратација, јака заштита од оксидативен стрес предизвикан од УВ зрачење, дигитална светлина и загадување, исхрана со микронутриенти неопходни за синтеза на колаген и еластин. Видливо ги пополнува ситните бори околу очите. Доколку користите Eternity H ова е момент кога треба да преминете на Fit Face серум, особено ако планирате скијање или престој на планина.
Чекор 2 – Исхрана и УВ заштита
По серумот нанесете високо хидрантна хранлива крема со УВ заштита. Leda Lux Divine, Leda Lux или Leda со волчји трн се идеална комбинација. Тоа се високо хидрантни, хранливи креми со природна УВ заштита од растително потекло. Во исто време ја обновуваат липидната бариера, длабински ја хидрираат кожата и штитат од УВ зраци.
Чекор 3 – обнова на липидната бариера
Последен чекор е апликација на неколку капки масло за лице. Маслото ја “заклучува” хидратацијата и бргу ја обновува липидната бариера. Идеално е да направите 2-3 минутна масажа со рацете или со Gua Sha.
Fit Face маслото е идеално решение. Содржи хијалурон за хидратација, високо квалитетни масла и путери кои бргу го надополнуваат изгубениот липиден слој. Дополнителна вредност за кожата се антиоксидансите и микронутриентите.
Ноќна Ignea рутина
Чекор 1– Длабинско чистење
Ноќната рутина започнува со чистење на лицето од нечистотиите од околината или со отстранување на шминка. Секогаш употребувајте неагресивно, нежно средство за чистење на лице.
Divine мицеларна вода и тоник 2 во1 е на база на хидролат од тимјан (цветна водичка, алое вера, хијалурон и пантенол. Нежна и за најчувствителната кожа. Целосно ја отстранува шминката и ги чисти нечистотиите од загадувањето. Ги чисти и намалува порите. Замена е за двојно чистење и тоник.
Чекор 2 – Интензивна хидратација
По чистење нанесете Fit Face серум – идеален и за дневна и за ноќна нега.
Чекор 3 – Исхрана
Нанесете од Вашата омилена крема Leda Lux Divine, Leda Lux или Leda со волчји трн. Не се вознемирувајте поради УВ заштитата. Природната ув заштита е апсолутно безбедна за сите возрасти и за било кој периодот на денот. Тоа се растителни комплекси кои работат на принципот на спречување на оштетување на кожата од надворешните стресори како и апсорпција на УВ зраци. Истите компоненти ќе го подигнат и имунитетот на кожата.
Запомнете
Здрава кожа во хидролипиден баланс лесно се приспособува на сите временски промени. Затоа грижете се за својата кожа 365 дена во годината.
Слушајте ја вашата кожа свесно и со љубов. Чувството на затегнатост, сувост, дехидрираност, отсуство на сјај и зголемена чувствителност укажуваат дека тековната рутина за нега не функционира и дека е време за промени. На кожата и треба нега што работи во синергија со неа, а не против неа. Кожата е магичен орган на кој му треба поддршка и љубов, а ние во Ignea знаеме дека природната, избалансирана и научно формулирана козметика е вистинскиот избор.
Младешкиот изглед на кожата не е мит и привилегија за поединци. Тој е резултат од грижа за себе си и здрава нега (исхрана) на кожата!
Уживајте во студените денови. Тие им се неопходни на дрвјата, растенијата и почвата, а со тоа и на човекот.





0 Comments