Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Fit Face хидрантно масло за лице

Fit Face хидрантно масло за лице

(1 Преглед на корисник)

890,00 ден

SKU: 00000020 Категорија

2-во-1 хидратација и навлажнување (hydration & moisturizing)

Fit Face Oil е специјално формулирано масло за лице, наменето за секојдневна употреба, идеално за Face Yoga, масажа на лице или третмани со Гуа Ша.

Брзо се впива без масен ефект што го прави идеално за употреба наутро и/или навечер.

Иновативна формула базирана на скинимализам, фито и арома терапија. Содржи хијалуронска киселина која ја хидрира кожата и спречува можна дехидратација при секојдневна употреба на масла за лице. Хијалуронската киселина го надополнува Pro-Age ефектот на волчјиот трн и маслото од калинка.

Ароматерапијата придонесува за директна релаксација и опуштање на тензијата на мускулатурата на лицето, подобрува циркулација и лимфна дренажа. Релаксира, подига расположение, го олеснува заспивањето и мирниот сон.

Од фитотерапијата содржи 6 високо квалитетни ладно цедени масла, 2 растителни екстракти и природен витамин Е посебно одбрани за да ја зголемат синтезата на колаген, еластин и хијалурон од страна на кожата.

Идеално за сите типови на кожа, особено сува, дехидрирана, уморна кожа, без сјај и предвремено стареење. По само неколку употреби го враќа сјајот и свежината на лицето, а со редовна употреба ги брише динамичките бори и ја намалува длабочината на статичките бори.

Резултати од редовна употреба:

  • Сјајна, мазна и здрава кожа
  • Намалени брчки и подобрена еластичност
  • Изедначен тен и подобрен тонус
  • Заштита од УВ и HEV светлина (плава светлина)
  • Длабинска нега, хидратација и исхрана

Текстура: полусуво масло

Мирис: освежителен и релаксирачки со нота на лаванда и цитрус

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинска и длабинска хидратација

Масло од волчји трн: – интензивен Pro Age ефект, природна УВ заштита,  регенерација на кожа, зголемена синтеза на колаген и еластин

Масло од калинка –  брза регенерација на кожа по изложување на УВ зраци, измазнувачки ефект

Масло од макадамија: - дава цврстина на кожата, ја исхранува и негува.

Ароматерапија – допринесува за релаксација и опуштање на мускулатурата на лицето. Го подига расположението, го олеснува заспивањето.

Начин на употреба: Една пипета се нанесува на деколте,врат и лице (вклучувајќи очна регија)  и се започнува со вежби за лице, рачна масажа, масажа со ролер или Gua Sha. Во случај на потреба во тек на масажата можете повторно да нанесете од Fit Face oil. Маслото е идеално дизајнирано потполно да се впие во тек на масажата без да остави масен слој.

Напомена: Fit Face маслото не е замена за хидрантен серум за лице.

Состав: Хијалуронска киселина*/**, масло од волчји трн*/**, масло од калинка*/**, масло од макадамија*/**, масло од сончоглед*/** масло од рузмарин*/** масло од бадем*/**, витамин Е*,   екстракт од невен*/**, екстракт од лавандаа*/**, каприлна киселина*, сорбитан оливат*, етерично масло од нероли*/**, етерично масло од лимон без фурокумарини*/**.

* Состојки од природно потекло 100%

* Состојки од органски узгој 99,8%

Пакување: 20 мл

Одржливост: Се залагаме за заштита на природата.  99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во

  • Обнова на почва
  • Пошумување
  • Чистење на отпад и пластика

Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината

1 преглед за Fit Face хидрантно масло за лице

  1. Mimi –

    Rabotev faceyoga so drugi masla. Otkako go probav ova veke ne go menuvam. Mirisot od prirodnite masla e sovrsen. Te relaksira, opusta i uzivas vo ritualot potpolno.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *