Gua Sha е алатка за нега на кожа која традиционално се користи во кинеската медицина. Позната е по своето смирувачко дејство и способност да ја подобри природната виталност на кожата. Изработена од розов кварц – камен симбол на нежност и рамнотежа – оваа Gua Sha овозможува пријатна и ефективна масажа на лицето.
Во комбинација со Fit Face маслото за лице, придонесува за:
- Помалку видливи брчки
- Намалени подочњаци и оток
- Подобро дефинирани контури на лицето
- Подобрена циркулација
- Зголемена лимфна дренажа
- Здрав, блескав и одморен изглед
Начин на употреба:
На исчистено лице нанеси Fit Face масло за лице или друго соодветно масло. Важно е Gua Sha-та да лизга нежно по кожата, без триење. Започни со масажа држејќи ја алатката под агол од околу 15°, речиси паралелно со кожата, и повлекувај со мазни движења нагоре и кон страните на лицето. По употреба исплакни ја Gua Sha-та со топла вода и благ природен сапун.
Gua sha-та е спакувана во платнена торбичка идеална за нејзино чување.





Критики
Нема критики сеуште.