Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Hand cream – крема за раце

Hand cream – крема за раце

(1 Преглед на корисник)

310,00 ден

SKU: 00000017 Категорија

Глицеринска крема за раце со нерафинирани органски масла и путери. Идеална за изразито сува, испукана и чувствителна кожа.

Содржи шеа путер, бадемово масло и пантенол. Лесна впивлива текстура која остава нежен хидрантен филм на површината на кожата.

Текстура: Лесна хидрантна текстура која лесно се нанесува и веднаш се впива.

Мирис: Нежна мирисна нота на какао/ванила или манго/ванила.

Клучни активни компоненти

Шеа путер – Содржи голема количина на витамини А, Е, Д, каротеноиди и антиоксиданси. Идеален е за нега на кожа склона кон дерматити и изразито сува кожа.

Бадемово масло – идеално за нега на сите типови на кожа особено за сува перутава кожа

Пантенол – ја поттикнува регенерацијата на кожата, ја смирува и обновува чувствителната кожа

Состав: бадемово масло*/**, шеа путер*/*,*  какао путер*/**, масло од сончоглед*/**, растителен глицерин*, вода,  витамин Е*, пантенол, глицерил моно стеарат*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина .

*Состојки од природно потекло 99,4%

** Состојки од органски узгој 66.3%

Пакување: 50 мл

1 преглед за Hand cream – крема за раце

  1. Лада Шоптрајанова –

    Најсовршената крема за раце што постои!

    Јас сум филигранистка, кожата на моите раце е оштетена од работата и дополнително многу, многу сува, дури склона кон пукање. Имам пробано над 20 вида креми за раце и резултатите беа разочарувачки.
    Со кремата на Игнеа се препородив. Прекрасно хидрира, заштитува и негува, не е мрсна и пружа долготрајна нега.
    Нема да ја сменам никогаш!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *