Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

by | Јул 14, 2026 | Новости | 0 comments

Употреба на било каков заштитен УВ фактор при престој на сонце и отворено е подобар од никаков.

СПФ (Сончев Заштитен Фактор) e нумерички показател што покажува колку ефикаснo кремата за сончање ја штити кожата од UVB зраците или поточно ја намалува можноста за појава на изгореници. Реалната заштита зависи од типот на кожата, интензитетот на сончевото зрачење, количината на нанесен производ, како и од потењето, капењето и честотата на повторното нанесување. Дали кожата полесно или потешко гори и се оштетува под дејство на сончевите зраци зависи од генетиката, но и од животниот стил на поединецот. Лица кои секојдневно престојуваат на отворено, како и лица чија исхрана изобилува со свежо овошје, зеленчук и јаткасти плодови имаат подобра природна отпорност на кожата кон сончевото зрачење.

Во јавноста често се води полемика колкав слој од заштитниот фатор треба да се нанесе за да се добие соодветна заштита. Всушност не станува збор само за дебелина на слојот туку честотата на нанесување. Лица кои полесно горат заштитен фактор нанесуваат многу почесто. Заштитниот фактор се нанесува на секои 2 часа, пред и по капење.

Видови на СПФ фактори

Постојат 3 вида на УВ заштитни филтри: хемиски, односно органски, минерални или неоргански и природни, односно биолошки.

Хемиските филтри се многубројни во главно поделени во неколку групи според хемиската структура. Поради подобра заштита најчесто се комбинираат неколку од нив во еден ист производ. Во поново време дури се комбинираат и со минералните филтри.

Хемиските УВ филтри делуваат по пат на апсорпција на УВ зраците. Се нанесуваат 20 мин пред изложување на сонце. Се апсорбираат во кожата, тука хемиски реагираат со навлезените УВ зраци и ги претвараат во топлина. Многубројни испитувања покажуваат дека при оваа реакција доаѓа до ослободување на слободни радикали, при што се можни иритации,влошување на розацеа, еритема, дерматити, а  во поново време се наведуваат и други системски ефекти. Намалена е продукцијата на меланин, синтезата на витамин Д, мелатонин, азот моноксид... Сите тие се неопходни за имунитетот, регулирање на притисокот, шеќерот во крвта, нормална синтеза на колаген и еластин и одржување на младоста на кожата и оптималната функција на организмот воопшто. Регулативата на  FDA (Food and Drug Administration) средствата за сончање ги има ставено во групата на ОТЦ лекови, со строги барања за нивната безбедност и ефикасност. Советот на Европа од 2022 година повикува на рационална употреба на хемиски филтри за заштита од сонце. Во поново време се апелира и на нивното штетно влијание за подводниот свет, па дури дел од нив се забранети за употреба во некои егзотични земји. Не се препорачува употреба на хемиски филтри кај деца, трудници, лица со чувствителна кожа. Поради тоа, минералните филтри често се препорачуваат како прв избор за овие категории. Бебиња до 6 месеци не би требало да употребуваат било какво средство за сончање. За нив препораката е физичка бариера со долги ракави, капа и ограничен престој на сонце.

Минералните филтри (цинк оксид и титан диоксид), од друга страна, остануваат на површината на кожата, формираат физичка бариера и делуваат по пат на апсорпција, рефлексија и расејување на УВ зраците. Нивните нано облици навлегуваат во горниот дел од кожата и од тука ги одбиваат сончевите зраци. Делуваат веднаш по нанесување и не предизвикуваат иритации на кожата. Еколошки се прифатливи особено нивните не-нано (non nano) облици. И цинк оксидот и титан диоксидот вклучувајки ги нивните нано облици се одобрени од FDA како безбедни УВ филтри со широк спектар на заштита за сите возрасни категории и состојби на кожата.

Единствен несакан ефект е оставање на бел слој на површината на кожата, што во денешни услови е драстично намалено со микронизација на честичките. Тие не ја поминуваат кожната бариера. Нано облиците не оставаат бел слој на површината и затоа се попринфатливи, но сепак постои опасност од нивен системски ефект доколку личноста има нарушен stratum corneum што е честа појава при употреба на пилинзи и кератолитици.

Научните испитувања упатуваат дека не влијаат во голема мера на синтеза на: меланин, мелатонин, витамин Д и азот моноксид, а со тоа и на одредени функции во организмот.

Третата категорија се така наречените биолошки или природни УВ филтри кои се по потекло од растенијата и морскиот свет. Тоа се природни соединенија кои апсорбираат ултравиолетова светлина (UV) и истовремено имаат и антиоксидативни, антивоспалителни и имуно-модулирачки својства. Поради тоа, тие претставуваат потенцијална здрава алтернатива за употреба во кремите за сончање, но се уште се во фаза на испитување и за сега се комбинираат со минералните фактори за сончање со цел потенцирање на нивното дејство и зголемување на заштитата. Тука спаѓаат лигнанот, силимаринот, ресвератролот, сончогледовото масло, карања маслото. Во кремите за лице на Ignea, Leda и Leda Lux се употребени за да се постигне СПФ заштита. Штитат од УВ, ИР и HEV (сина светлина).

Зошто сонцето е важно?

Сончевата светлина има бројни позитивни физиолошки ефекти кога изложувањето е умерено.

Под дејство на УВБ зраците во организмот се синтетизира витамин Д кој е неопходен за здравјето на коските и мускулите, плодноста, имунитетот, учествува во голем број на процеси во организмот.

Под дејство на УВА зраците се синтетизира азот моноксид кој е неопходен за регулирање на крвниот притисок.

Под дејство на УВА и УВБ се синтетизира меланин кој е најдобар заштитен фактор од сончевите зраци, најдобар антиоксиданс, неопходен за добар имунитет, а во поново време недостаток на neuromelanin се поврзува и со алцхајмер.

Под дејство на IR (infra red) зраците и видливата светлина во митохондриите се создава мелатонин кој е неопходен за нивна оптимална функција и здравјето на организмот воопшто, вклучувајчи ја и биолошката и физиолошката старост. Од аспект на кожата влијанието на IR зраците на кожата доведува до зголемена синтеза на колаген, еластин и хијалурон со што се пролонгира младиот изглед на кожата. Овој ефект е искористен кај LED маските за лице, маски со црвена светлина кои се користат за подмладување.

Затоа здрав животен стил во себе подразбира и умерено изложување на сончеви зраци без заштитен фактор најмалку 15 минути дневно во текот на целата година. Бидете особено внимателни во летниот период! Ова се препорачува во раните утрински часови и приквечерието кога сонцето е најслабо. Во периодите со висок УВ индекс се препорачува користење на соодветен СПФ, заштитна облека и избегнување на директно сонце.

Кој СПФ би бил идеален за заштита од сончеви зраци?

Идеалниот производ треба да обезбеди ефикасна и широкоспектарна заштита од UVA и UVB зраците, истовремено да биде добро поднослив за кожата и прилагоден на индивидуалните потреби.

Комбинацијата од минерални УВ филтри и природни антиоксиданси претставува современ пристап кој покрај фотозаштитата придонесува и за намалување на оксидативниот стрес предизвикан од сончевото зрачење, а при тоа ги поддржува природните функции на организмот.

Honolulu Sun линијата на Ignea

Врз основа на познавањето на физиологијата на кожата и современите сознанија за фотозаштитата, Ignea ја разви Honolulu Sun линијата со комбинација од минерални УВ филтри и природни антиоксиданси.

Основата на линијата е микронизиран non-nano цинк оксид, икомбиниран со состојки кои обезбедуваат хидратација, исхрана и антиоксидативна заштита.

Линијата опфаќа:

  • Honolulu SPF 50+ крема за лице – содржи микронизиран non-nano цинк оксид со минимален бел филм при правилна апликација и обезбедува висока широкоспектарна заштита, истовремено ја хидрира и ја негува кожата.
  • Honolulu Sun Oil Spray SPF 20 + – комбинација од микронизиран non-nano цинк оксид, растителни екстракти и бета-каротен, наменета за заштита на кожата при постепено добивање природен бронзен тен.
  • Body Butter After Sun – формула богата со алое вера, невен и пантенол која придонесува за смирување, регенерација, хидратација и нега на кожата по изложување на сонце.

Со правилна фотозаштита, умерено изложување на сонце и соодветна нега, кожата може подолго да остане здрава, хидрирана и со природен, рамномерен тен.

Извор:

1.Toxicity of Different Chemical Components in Sun Cream Filters and Their Impact on Human Health: A Review by Sonia Santander Ballestín and María José Luesma Bartolomé department of Pharmacology, Phisiology, and Legal-Forensic Medicine, Faculty of Health and Sports Sciences, University of Zaragoza, 50009 Huesca, Spain; Department of Human Anatomy and Histology, Faculty of Medicine, University of Zaragoza, Domingo Miral s/n, 50009 Zaragoza, Spain
2.Beneficial effects of UV radiation other than via vitamin D production by Asta Juzeniene and Johan Moan
3.Beneficial health effects of ultraviolet radiation, The University of Edinburgh, Institute for regeneration and repair
4.Effects of Near-Infrared Light on Well-Being and Health in Human Subjects with Mild Sleep-Related Complaints: A Double-Blind, Randomized, Placebo-Controlled Study Marina Cecilia Giménezet al
5.Melatonin: Both a Messenger of Darkness and a Participant in the Cellular Actions of Non-Visible Solar Radiation of Near Infrared Light; Dun-Xian Tan at al.
6.Infrared radiation affects the mitochondrial pathway of apoptosis in human fibroblasts: Sandra Frank and al.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Resent Post
Кога за квалитетот не зборува само брендот

Кога за квалитетот не зборува само брендот

„Природно“. „Clean“. „Premium“. „Иновативно“. „Ефикасно“. Во козметиката денес не недостигаат големи зборови. Но сите нив може да ги напише самиот бренд. Затоа за IGNEA меѓународните признанија имаат поинаква вредност. Не како значки на пакувањето. И не како доказ...

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Стриите се еден од најчестите предизвици кога кожата поминува низ промени – бременост, пубертет или нагло зголемување на тежината. Иако не постои 100% гаранција дека ќе се спречат, добрата вест е дека со правилна нега нивниот ризик може значително да се намали. Како...

Три меѓународни престижни награди за Fit Face Pro Age рутината на Ignea Cosmetics

Три меѓународни престижни награди за Fit Face Pro Age рутината на Ignea Cosmetics

Македонскиот бренд за природна козметика Ignea Cosmetics освои три престижни меѓународни признанија на Beauty Shortlist Awards – награди со седиште во Англија, кои се сметаат за едни од највлијателните во светот на природната и одржлива козметика. Fit Face Pro Age –...