Зошто кожата во зима станува сува, перутава и го губи својот сјај? Како да го спречите несаканиот ефект?
Нашата кожа е жив орган кој постојано се прилагодува на надворешните услови. Со секоја промена на сезоната, таа го менува својот ритам, а зимата претставува еден од најголемите предизвици за здравјето на кожата.
Студениот воздух со ниска влажност, загадувањето, студениот ветер и престојот во загреани простории со сув воздух сериозно го нарушуваат хидролипидниот баланс на кожата. Липидниот заштитен слој се истенчува, кожата губи вода, станува чувствителна и подложна на иритации. Дополнително загадувањето предизвикува оксидативен стрес и голема количина на слободни радикали. Сето ова води до чувство на сувост и затегнатост, перутање, црвенило дури и инфламација на кожата. Ако не се реагира и пристапи со соодветна нега и рутина доаѓа до предвремено стареење на кожата, губење на нејзината еластичност, тонус и сјај.
Што навистина и е неопходно за кожата во зима?
За да го одржи интегритет во овој период од годината кожата има зголемена потреба од:
1.Липиди (исхрана),
Липидите се клучни за обновување на заштитната бариера. Најдобро се надополнуваат со природни масла и путери кои содржат, есенцијални масни киселини, фитокерамиди кои го потенцираат производството на керамиди во кожата (масло од волчји трн, масло од дива роза, масло од калинка, шеа путер)
2. Интензивна хидратација
Хијалуронот, глицеринот и алое верата се најдобрите компоненти за задржување на водата во кожата и спречување на појава на фини линии и дехидратациски брчки.
3. Антиоксидативна заштита
Загадувањето и студот создаваат оксидативен стрес во кожата. Најефикасни активни компоненти за неутрализација на оксидативниот стрес се: ресвератрол од грозјето, кукурмин од смилот, катехини зелениот чај.
4. УВ заштита – 365 дена во годината
УВ-заштитата е неопходна и во зима. Најдобар избор е природна УВ-заштита од растително потекло – безбедна за секојдневна употреба, за сите возрасти, дење и ноќе. СПФ 30 е сосема доволен во урбани услови, додека при престој на планина се препорачува дополнителен не-нано минерален заштитен фактор.
Зошто природната козметика е најдобар избор во зима?
Природната козметика без greenwashing (со минимум 99% состојки од природно потекло) е најдобриот сојузник за зачувување на хидролипидниот баланс и природната функција на кожата. Таа обезбедува заштита на липиди, природно надополнување на загубената вода од кожата, богата е со антиоксиданси и зависно од формулацијата може да обезбеди висока УВ заштита.
Што треба да се избегнува во зима?
Секогаш кога има екстремни временски услови задолжително да се избегнуваат агресивните активни компоненти: ретинол, ретиноиди, овошни киселини, салицилна киселина од не природно потекло, некои облици на витамин Ц. Исклучок од ова се состојби на кожата кои бараат третман нпр. акни и препорака е тие да бидат под надзор на кожен лекар.
Во овој период заборавете на двојно чистење на лицето. Избегнувајте пенливи чистачи особено оние кои во себе содржат сулфати, како и агресивни пилинзи за отстранување на “мртвиот” слој. Сите тие го отстрануваат всушност површинскиот, заштитен слој на кожата, ја намалуваат количината на липиди (масни компоненти), по што следува интензивна дехидратација, губење на сјајот на кожата, појава на невоедначен тен, сивило и дехидратациони бори.
Нежна алтернатива за чистење и пилинг
Во зима, кожата сака минимализам и нежност. За постигнување на благ пилинг ефект може да се користи коњак сунѓер за чистење на лице или Gua Sha. Gua Sha-та воедно ја подобрува циркулацијата, ја поттикнува лимфната дренажа, помага во контурирање на лицето и намалување на брчките. Во овој период како и секогаш најдобри се природните, не пенливи чистачи кои се нежни и ја чуваат хидролипидната заштина бариера. Divine мицеларната вода и тоник 2 во 1 е природна, нежна алтернатива која менува 3 производи; 2 чистачи и тоник во 1 чекор.
Заклучок
Во зима кожата има потреба од нежна активна нега. Има потреба од серуми и креми кои ќе и обезбедат длабинска исхрана и заштита на липидниот слој, интензивна хидратација, антиоксидативна и ув заштита. Само ваквиот пристап овозможува зачувување на хидролипидниот баланс и оптимално одвивање на природните процеси на регенерација. Здрава кожа во хидролипиден баланс полесно се адаптира на сите временски промени. Затоа грижете се за својата кожа – 365 дена во годината.
Совет плус!
- Зголемете ја влажноста во просторијата. Додадете неколку капки етерично масло во прочистувачот за воздух или едноставно стаете тенџерче со вода на грејното тело со исецкана кора од портокал, грејфрут или лимон.
- Избегнувајте долги, врели купки и бањи особено ако имате сува перутава кожа на телото. По капење веднаш нанесете природно, високо хранливо млеко за тело. Body Butter од Ignea брзо ја регенерира кожата благодарение на какао, шеа путер, невен и пантенол.
- На рацете секогаш носете ракавици. Често нанесувајте крема за раце. Hand cream од Ignea ја штити кожата од надворешните влијанија и бргу ја смирува и регенерира испуканата и сува кожа.
- Пијте растителни чаеви со парче ѓумбир. Ѓумбирот дополнително ќе го загрее вашето целото тело.
Уживајте во студените денови. Тие им се неопходни на дрвјата, растенијата и почвата, а со тоа и на човекот.





0 Comments