Јогата нуди холистички пристап за намалување на целулитот со таргетирање на метаболизмот на мастите, здравјето на сврзното ткиво и регулирањето на хормоните. Целулитот кој се јавува како резултат на поткожните масти, ослабеното сврзно ткиво и слабата циркулација, може да се подобри преку доследна јога пракса. И Хата и Јин јога стиловите уникатно придонесуваат за овие механизми.
Хата јогата ги нагласува динамичните пози (асани) и дишењето (пранајама), подобрувајќи го мускулниот тонус и циркулацијата. Хата јогата го подобрува протокот на крв, помагајќи во метаболизмот на масти и намалувајќи го задржувањето на течности. Јин јога, со продолжено пасивно истегнување (3-5 минути), е насочена кон сврзното ткиво (фасцијата). Јин јогата стимулира фасцијално ремоделирање, подобрувајќи ја еластичноста, како и зголемување на синтезата на колаген, бидејќи фасцијата содржи фибробласти кои произведуваат колаген.
И двата стила ги регулираат хормоните на стрес како кортизол, кој, кога е покачен, го промовира складирањето на мастите. Дополнително, смирувачкиот ефект на јогата врз нервниот систем го балансира нивото на естроген, кој влијае на интегритетот на сврзното ткиво. Со комбинирање на циркулаторните придобивки на Хата со фасцијалната стимулација на Јин, јогата нуди научно поддржана, неинвазивна стратегија за справување со целулитот. Конзистентноста е клучна, бидејќи долгорочната пракса дава кумулативни ефекти во однос на и здравјето на ткивата и целокупното телесно здравје.
Во оваа прилика сакам да ја истакнам и соматската јога и еден од стиловите јога Authentic Flow коj се користи со принципите на BMC (body mind centering). Според BMC секој орган, секое ткиво, телесна течност и клетките имаат свој ум, свој вид на свесност, квалитети и од секој од нив може да се иницира и подржува движењето на телото. Во овој контекст, масното ткиво иако не е стриктно флуид на телото, може да има одредени флуидни квалитети и како останатите форми на сврзно ткиво може да се работи со неа како со флуид. Слоевите на маст се нарекуваат адипозно ткиво, a едно од местата каде може да го најдеме оваа ткиво е под дермисот, средниот слој на кожата. Адипозното ткиво го штити телото од студенило. Депозитите на маст ги штитат многу од органите, a маста постои и во рамки на мембраните, коскената срж, дури и зад нашите очи. Исто така образува миелински обвивки кои ги штитат нашите нерви. Маста е системот преку кој нашето тело конзервира енергија, која треба да се ослободи кога е потребно, како одговор на хормонални и нервни стимули. Синтезата, разложувањето, чувањето, и мобилизацијата на маста може во голема мера да се под влијание на хормоналаната активност, и овој факт често се занемарува во притисоците на денешницата да се има одреден изглед, опседнувањето со броење на калории и трендовите кои промовираат кардио вежби кои согоруваат калории. Дури и многу слаби луѓе имаат и им е потребна телесна маст, која е неопходна за здравјето.
Исто како и фасциата маста може да има мобилен или флуиден квалитет, а може да стане и неподвижна. Целулитот е пример за маст која станала неподвижна и исто како фасциата може да се загрее и да одговори добро на допир и движење. Токму овој квалитет на неподвижност на маста е штетен и проблематичен. Маста како и останатите ткива во телото, поминува низ процес на постојана обнова и замена, која се случува на две до три недели. Но, само маст во полутечна сосотојба може да биде мобилизирана и употребена како енергија. Онаа што е интересно бројот на масни клетки не се зголемува во овој случај туку масните клетки кои веќе постојат само се зголемуваат, експандираат. Добро е познато дека ДДТ и други токсини од околината ги бираат масните клетки како свое престојувалиште и таму се складираат. Иако овој факт предизвика некои добри промени во свесноста за здравјето и промени во навиките околу исхраната, мора и да разбереме дека корен на проблемот е загадената животна средина, а не маста во која се акумулираат овие токсини.
Маста се складира како потенцијална енергија која или ја негираме или ја освестуваме и прифаќаме. Во модерната западна култура маста е најрепресираната, девалуирана и структура која предизвикува страв во телото. И навистина, секогаш кога група клетки доживува ваков прогон, резултатот е движење кое го исклучува масното ткиво, па тоа станува неподвижно, се дисоцираме од него. Во ваков случај овие ткива добиваат помалку кислород, помалку физичка и психолошка нега, грижа, стануваат понереспонсивни, и циклусот се продолжува. Овој наш денешен однос кон масното ткиво е сосема нов, ренесасната уметност не потсетуваа на сосема различни стандарди за убавина. Денес може и треба да се угледаме на други култури за повторно да научиме како да го освестиме овој систем. Афричките култури на пример, генерално ја подржуваат експресијата на маста како моќ, која експресија има земјен и сензуален квалитет.
Кога работиме со адипозно ткиво првин мора да развиеме прифаќање и воља да го истражиме и да го освестиме овој често несакан систем. Понатаму ни е потребна флуидност со цел потенцијалната моќ која ја поседува маста да биде мобилизирана и изразена. Флуиден допир и флуиден ум ни помагаат да ја контактираме и мобилизираме и изразиме енергијата на маста кога истата е станата статична, тешка и тврда преку репресија и негативни уверувања. Допуштајќи му на умот да тече, на свесноста да тече низ адипозното ткиво, на истото му се дава живот, се овозможува овде да се случат движења и промени.
Иако маста има своја тежина, чуството не мора да биде тешко и цврсто. Тежината на маста во движење може да се изрази како флуидна, жива конекција со Земјата. Во работа со телото може да ја движиме свесноста низ кожата, маста и подлабоките ткива за да ги истражиме улогите кои маста може да ги има во креирањето на здрави граници на личност, носењето со, или потиснувањето на емоциите, и отварањето кон подлабок контакт со опкружувањето и другите луѓе.
Елена Станковска , јога инструктор по Хата, Јин јога и Authentic Flow; Јога клуб Веда, Куманово
Референци:
- International Journal of Yoga (2015) on Hatha yoga and circulation.
- Evidence-Based Complementary and Alternative Medicine (2018) on Yin yoga and fascia.
- Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism (2016) on yoga and cortisol.
- Wisdom of the Body Moving, Lisa Hartley (1995)





0 Comments