Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Антицелулитна рутина – професионален ритуал во домашни услови
Купи!

Антицелулитна рутина – професионален ритуал во домашни услови

Original price was: 2.390,00 ден.Current price is: 2.220,00 ден.

SKU: 00000036 Категорија

Kомплетна рутина за мазна, затегната и здрава кожа, базирана на моќта на фито и ароматерапијата. Формулата комбинира природни активни состојки како готу кола, бршлен, корални алги, кофеин и грејфрут – познати по нивното дејство врз циркулацијата и намалување на целулитот.

Механизам на дејство:

  • Подобрување на циркулација
  • Активирање на липолиза (разградба на масни наслаги)
  • Елиминација на вишок на течности
  • Подобрување на еластичност и тонус на кожата

Ритуал во 3 чекори:

  1. Подготовка на кожата
    Body Firm сапун (кафе и цимет)
    Ги отвора порите и ја стимулира циркулацијата, подготвувајќи ја кожата за максимална апсорпција на активните состојки.
  2. Активирање на природните механизми на разградба на целулитот
    Body Firm серум
    Концентрирана формула со готу кола, бршлен и антицелулитна ароматерапија која делува дури и во поткожното ткиво. Се нанесува со масажа - со Gua Sha, антицелулитен ролер или рачна масажа. Масажата дополнително го засилува ефектот.
  3. 24-часовна нега и поддршка
    Body Firm путер
    Обезбедува интензивна хидратација и долготрајна поддршка во борбата против целулитот.

Дополнително: Gua Sha за тело

Gua Sha -та за тело, ја подобрува апсорпцијата на активните компоненти од серумот. Комбинацијата серум и Gua Sha ги топи и разбива површинските и длабинските наслаги на целулит и ги намалува отоците. Рачно изработена од македонски мајстор, од природно исушено дрво – без уништување на живи ресурси. 100% еколошки производ што ја спојува традицијата со современата нега. Наменета за цело тело.

Начин на употреба:

  1. Користете го сапунот при туширање и масирајте ги критичните зони
  2. По туширање нанесете серум и масирајте 10–20 минути (од долу нагоре)
  3. Наутро и навечер нанесете путер

Со редовна употреба, кожата станува видливо помазна, поцврста и со природен сјај.

Совет плус за најдобри резултати:

Комбинирајте со:
• Балансирана исхрана
• Редовна физичка активност (повеќе истегнување, помалку кардио)
• Доволен внес на вода

Важно:
Производите можат да се користат и кај лица со проширени вени и капилари. Во случај на проширени вени и капилари консултирајте се со нашиот фармацевт пред користење на Gua Sha или други масажни алатки.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Антицелулитна рутина – професионален ритуал во домашни услови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *