Антицелулитна рутина – професионален ритуал во домашни услови
Original price was: 2.390,00 ден.2.220,00 денCurrent price is: 2.220,00 ден.
Kомплетна рутина за мазна, затегната и здрава кожа, базирана на моќта на фито и ароматерапијата. Формулата комбинира природни активни состојки како готу кола, бршлен, корални алги, кофеин и грејфрут – познати по нивното дејство врз циркулацијата и намалување на целулитот.
Механизам на дејство:
- Подобрување на циркулација
- Активирање на липолиза (разградба на масни наслаги)
- Елиминација на вишок на течности
- Подобрување на еластичност и тонус на кожата
Ритуал во 3 чекори:
- Подготовка на кожата
Body Firm сапун (кафе и цимет)
Ги отвора порите и ја стимулира циркулацијата, подготвувајќи ја кожата за максимална апсорпција на активните состојки. - Активирање на природните механизми на разградба на целулитот
Body Firm серум
Концентрирана формула со готу кола, бршлен и антицелулитна ароматерапија која делува дури и во поткожното ткиво. Се нанесува со масажа - со Gua Sha, антицелулитен ролер или рачна масажа. Масажата дополнително го засилува ефектот. - 24-часовна нега и поддршка
Body Firm путер
Обезбедува интензивна хидратација и долготрајна поддршка во борбата против целулитот.
Дополнително: Gua Sha за тело
Gua Sha -та за тело, ја подобрува апсорпцијата на активните компоненти од серумот. Комбинацијата серум и Gua Sha ги топи и разбива површинските и длабинските наслаги на целулит и ги намалува отоците. Рачно изработена од македонски мајстор, од природно исушено дрво – без уништување на живи ресурси. 100% еколошки производ што ја спојува традицијата со современата нега. Наменета за цело тело.
Начин на употреба:
- Користете го сапунот при туширање и масирајте ги критичните зони
- По туширање нанесете серум и масирајте 10–20 минути (од долу нагоре)
- Наутро и навечер нанесете путер
Со редовна употреба, кожата станува видливо помазна, поцврста и со природен сјај.
Совет плус за најдобри резултати:
Комбинирајте со:
• Балансирана исхрана
• Редовна физичка активност (повеќе истегнување, помалку кардио)
• Доволен внес на вода
Важно:
Производите можат да се користат и кај лица со проширени вени и капилари. Во случај на проширени вени и капилари консултирајте се со нашиот фармацевт пред користење на Gua Sha или други масажни алатки.






Критики
Нема критики сеуште.