“Здраво, пратете ми Leda Lux, Fit face серум и масло. Се надевам набргу ќе има нова работилница. Сликањето од сега е задолжително, ќе се изненадите како изгледам сега. Дури 10 години помалку ми даваат. Едноставно со козметиката и вежбите сјаам.” – изјави Каролина Пеева по само месец и половина од одржување на Fit Face работилницата -Природен Ботокс.
Повеќе од 20 учесници цели 3 часа (наместо планираните 2) учеа скинимализам, како правилно да ја негуваат и хранат својата кожа и да ја вратат нејзината природна функција, полниот сјај и убавина. Речиси 2 часа вежби и практики, разни видови на масажни техники, а се со цел да се корегираат проблематичните делови од лицето. Се вежбаше додека секој поединец не научи како правилно и самостојно да ги прави вежбите за да постигне долготраен и посакуван ефект.
Присутните научија како правилно да ги бираат козметичките производи, научија дека природната, нештетна козметика е далеку поефикасна од хемиската. Имаа можност да ја тестираат Fit Face pro age линијата и да се уверат во нејзиниот квалитет.
Чекорите кои ги научивме за време на работилницата, кои придонесуваат кон надпросечни резултати за здрава, мазна и блескава кожа.
- Пред вежбање лицето добро го хидриравме со Fit Face серум.
- Додадовме Leda Lux крема за да бидеме сигурни дека имаме добра еластичност на кожата, и вежбавме.
- Ја поттикнавме добро циркулацијата и максимално го искористивме pro age ефектот на матичните клетки, ресвератролот, смилот и ароматерапијата.
- Потоа со помош на хидрантно масло направивме масажа и ја поттикнавме лимфната дренажа. Намерно користиме хидрантно масло за масажа кое во себе содржи хијалурон, за да постигнеме хидратација на лицето, бидејќи секојдневна употреба на масла доведува до дехидратација на кожата на лицето и губење на нејзината еластичност. Маслото кое го користиме е полусуво односно во потполност се впива до крајот на масажата, ја негува кожата без зејтин ефект.
Ако се двоумите и се прашувате за искуството на нашите присутни, прочитајте што велат тие и какви импресии имаат после речиси 2 месеца.
„Ги правам вежбите и масажата секој ден. Едвај чекам нареден workshop.“ – изјави Илина Ведран
„Едно ново искуство со предавање за природна козметика од Ignea со вежбање на face yoga. Многу убава женска енергија и дружење. Фала ви многу.“ – Г-ѓа Жанет Маркушова Кристинова, сопруга на Словачкиот Амбасадор во Македонија своето искуство го сподели на својот Facebook профил.
„Минував низ предизвици за да си го прифатам својот профил, но веќе се помалку. Верувам дека станувам се поубава и ова беше вистинско искуство за мене.“ – напиша една од присутните.
А што велиме ние?
„Вашиот избор природно да се негувате за нас е предизвик и оваа година. Ќе се трудиме уште повеќе и ќе продолжиме да креираме и споделуваме содржини, да организираме работилници кадешто пред се добро се дружиме, учиме за себе и заедно се менуваме.
Fit Face концепт е синергија од природна, здрава, нештетна козметика и face yoga вежби и масажни техники.
Fit Face концепт – ги собравме најмоќните фитотерапевтски pro age растителни компоненти и ги вградивме во Fit Face линијта. Ставивме дури и матични клетки од портокал и ќе ве научиме како правилно да го вежбате, да го масирате и негувате лицето. Се` со цел залудно да не изгубите ни секунда од времето кое сте си го посветиле себе си. Да се стигне до својата најдобра верзија потребни се свесност и време. Ќе превенираме, ќе поправиме и ќе уживаме во нашата внатрешна и надворешна убавина.
Fit Face is not a trend, it is a lifestyle! “
Со љубов, Јана и Нена





0 Comments