Голема чест и признание за нас, Ignea козметика, е да бидеме првиот македонски бренд кој беше дел од светски реномиран настан European Natural Beauty Awards (ENBA). Свечената церемонија се одржа на 29ти септември во Париз, во прекрасниот театар Marigny, на самиот почеток од познатата улица Champs-Élysées.
Во присуство на над 700 гости, меѓу кои преставници на козметички брендови, спонзори, познати личности од модната, филмската и индустријата за убавина, беа доделени наградите за најдобрите природни козметички производи.
Leda Lux Divine – во друштво на најдобрите светски формулации
Од над 1200 аплицирани брендови од Европа, Америка, Австралија и Азија, во финалето влегоа околу 200, со вкупно 217 производи, меѓу кои Ignea и нашата сопствена Leda Lux Divine – луксузна крема за лице. Нашата формулација беше избрана и номинирана помеѓу топ 20 креми за лице во светот.
Одлуката ја носеа над 100 стручни судии, меѓу кои доминираа експерти од Cosmos Standard, организацијата која стои зад познатиот Eco Cert сертификат – глобален стандард за квалитет и природност во козметиката.
Светски имиња, силна конкуренција
Судиите вклучуваа и познати личности како Gemma Whelan (позната како Yara Greyjoy од Game of Thrones), Ornella Muti, Naike Rivelli и многу други. Конкуренцијата беше исклучително силна – два реномирани светски брендови, еден од Шпанија и друг од Австралија, и покрај тоа што се продаваат во Sephora, останаа без награди.
Признание за нашата експертиза и филозофија
Во Париз имавме можност да размениме искуства, достигнувања со нашите колеги, но и со останатите присутни. Претставивме дел од нашите производи, а ЕКСПЕРТИТЕ кои ги имаат формулирано Leda Lux Divine и Fit Face серумот добија огромни пофалби за квалитет, ефикасност и оргиналност на формулациите, со прашања за нивната едукација и институциите зад кои стојат Се бараа нивните имиња, школата и институциите каде работат.
12 години посветена работа – научна експертиза и холистички пристап
Моја гордост е што производите на Ignea се целосно оригинални, сопствени формулации, создадени низ 12 години истражување, учење, падови и подеми. Зад нив стои наука, технологија и холистички пристап – познавање на анатомија и физиологија на кожата, фитотерапија, ароматерапија, технологија на козметичко производство и аналитика на готов производ.
Знаењето е од Фармацевтски факултет во Скопје и моите Учители во животот кои ме научија од каде и како да ги црпам големите знаења. Знаењето доаѓа од искуството, напорната работа и љубовта.
Од Париз се вративме со најголемата награда – признание за квалитет, иновација и душа
Иако не се закитивме со официјална статуетка, аплаузот, интересот, ракувањето и почитта што ги добивме во Париз се најголемата награда. Тие се доказ дека иако од мала држава, нашата мала компанија се базира на љубов, знаење и посветеност, и можеме гордо да стоиме рамо до рамо со најголемите имиња во светот на природната козметиката.
Фотографија: Charles Porret





0 Comments