Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

by | Авг 7, 2024 | Новости | 0 comments

Употребата на било каков заштитен УВ фактор при престој на плажа е подобар од никаков!!!

Постои ли разлика помеѓу поедините УВ филтри присутни во средствата за сончање и дневните креми за лице и како функционираат е често прашање во нашето ателје за автентична убавина?

Постојат 2 вида на УВ заштитни филтри природни (минерални) и хемиски УВ филтри. Во групата на минерални УВ филтри спаѓаат цинк оксидот и титан диоксидот. Хемиските филтри се многубројни: avobenzone, oxybenzone, octocrylene, homosalate  и други. Поради специфичен спектар на заштита најчесто се комбинираат неколку од нив во еден ист производ.

Разликата помеѓу 100% природните минерални средства за сончање и оние со хемиски филтри е како домашно приготвена храна од домашно одгледани суровини и брза храна купена од сендвичара.

Хемиските УВ филтри делуваат по пат на апсорпција на УВ зраците. Се нанесат 20 мин пред изложување на сонце. Тие се апсорбираат во кожата и тука ги апсорбираат навлезените во кожа УВ зраци хемиски реагираат со нив и ги претвараат во топлина. Онаа топлина која ја чувствуваме во кожата веднаш по сончање не е само резултат на сонцето туку во голема мера се должи на оваа хемиска реакција и ослободената топлина. Многубројни испитувања и клинички студии упатуваат на тоа дека хемиските филтри можат да предизвикаат иритација на кожата, алергиски реакции, појава или влошување на меласма ( темни флеки на лицето, вратот, дланките), влошување на розацеа, еритема, егзема, дерматити и слично. Студии публикувани од страна на FDA  укажуваат на тоа дека некои хемиски филтри можат да се детектираат во сигнификантни дози во крвта, урината, мајчиното млеко неколку недели после апликација. Понекогаш се поврзуваат и со хормонски дисбаланс. Еколошки се неприфатливи и некои од нив се забранети за употреба во некои земји поради докажана токсичност за морскиот свет. Оштетувањето на коралните гребени се поврзува со хемиските филтри.

Минералните филтри, од друга страна, остануваат на површината на кожата, формираат физичка бариера и ги рефлектираат (одбиваат) УВ зраците. Нано облиците на цинк оксид и титан диоксид навлегуваат во кожата и од тука ги одбиваат сончевите зраци. Делуваат веднаш по нанесување и не предизвикуваат иритации на кожата. Еколошки се прифатливи особено нивните не-нано (non nano) облици. И цинк оксидот и титан диоксидот вклучувајки ги нивните нано облици се одобрени од FDA како безбедни УВ филтри со широк спектар на заштита.

Која е разликата помеѓу нано и не-нано облик на цинк оксид и титан диоксид?

Нано облиците се многу ситни честички. Се апсорбираат во кожата и можат да се детектираат во урината. Се користат во козметологијата поради тоа што не оставаат бел слој на површината на кожата. Не-нано облиците се големи честички кои не ја поминуваат кожната бариера и се апсолутно безбедни.

Кој треба да употребува производи за заштита од сонце со минерални природни филтри со не-нано облик?

Сите, особено бебиња, деца, трудници, лица со акни, алергии, хиперпигментации, дерматити.

Разликата помеѓу 100% природните минерални средства за сончање и оние со хемиски филтри е како домашно приготвена храна од домашно одгледани суровини и брза храна купена од сендвичара.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Resent Post
Кога за квалитетот не зборува само брендот

Кога за квалитетот не зборува само брендот

„Природно“. „Clean“. „Premium“. „Иновативно“. „Ефикасно“. Во козметиката денес не недостигаат големи зборови. Но сите нив може да ги напише самиот бренд. Затоа за IGNEA меѓународните признанија имаат поинаква вредност. Не како значки на пакувањето. И не како доказ...

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Употреба на било каков заштитен УВ фактор при престој на сонце и отворено е подобар од никаков. СПФ (Сончев Заштитен Фактор) e нумерички показател што покажува колку ефикаснo кремата за сончање ја штити кожата од UVB зраците или поточно ја намалува можноста за појава...

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Стриите се еден од најчестите предизвици кога кожата поминува низ промени – бременост, пубертет или нагло зголемување на тежината. Иако не постои 100% гаранција дека ќе се спречат, добрата вест е дека со правилна нега нивниот ризик може значително да се намали. Како...