16 и 17 ноември 2024 година во City Mall Скопје во склоп на Фестивалот на чајот земавме активно учество и одржавме 2 Работилници за FIT FACE концепт-природен BOTOX
Голема блгодарност до организаторите Naturе expedition и City Mall како и до присутните од различни возрасни групи, кои покажаа голем интерес да дојдат и поминат дел од слободното време со нас. Научија за градбата на кожата, како да изберат правилна нега за своето лице и вежбаа без оглед на случајните минувачи кои љубопитно не загледуваа.
ПРВИОТ ДЕЛ беше теоретски посветен на природниот пристап за успорување на процесот на стареење преку ефектот на синергија помеѓу природната козметика и вежбите за лице
ВТОРИОТ ДЕЛ беше практичен и наменет за вежби на мускулите на лицето, прашања и одговори
За краткото време сите почувствуваа одредена промена на лицето (отпуштена тензија, руменило, енергизираност) и затоа нашата последна порака која ја испративме е дека:
Ако за кратко време забележуваме промена, секојдневната нега и повторување на вежбите на долг рок ќе донесат многу поголема трансформација и не само во изгледот на лицето, туку и на целокупниот организам воопшто. Затоа ве покануваме да започнете со практикување на FIT FACE концептот што побрзо за да ги почувствувате убавите трасформации природно и без игли, а ние сме тука за понатаму да подучуваме и даваме стручна поддршка во процесот на промени.
Споделуваме со вас дел од атмосферата!
Јана Цветковска Лазаревска – дипл. фарм. спец по фитотерапија – ИГНЕА козметика
Нена Јоновска – Сертифициран учител по Face Yoga, Face Yoga Studio





0 Comments