Бесплатна достава со нарачка над 3000 ден.

“Здрава бременост, здраво потомство” во организација на Ignea Cosmetics, поддржана од лекари, експерти во своето поле на работа
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • “Здрава бременост, здраво потомство” во организација на Ignea Cosmetics, поддржана од лекари, експерти во своето поле на работа

“Здрава бременост, здраво потомство” во организација на Ignea Cosmetics, поддржана од лекари, експерти во своето поле на работа

by | Ное 5, 2024 | Новости | 1 comment

Под покровителство на Ignea Cosmetics, се одржа уште една успешна работилница под името “Здрава бременост, здраво потомство” која има за цел да ги едуцира и поддржи жените од рана фаза на бременост, до се до улога на мајка. Гости- говорници на втора по ред работилница беа Д-р Јани Ангеловски, Специјалист по трансфузиона медицина, Д-р Мелита Илиевска, Стојановска Специјалист по гинекологија и акушерство и Дипл. Фарм. Јана Цветковска Лазаревска, Специјалист по фитотерапија.

При своите говорења гостите истакнаа дека за здраво потомство неопходна е здрава бременост, што вклучува навремени редовни лекарски прегледи, но несомнено и здрав животен стил – здрава исхрана, престој во природа, здрава природна козметика и нега, љубов и разбирање во одгој на детето.

Д-р Јани Ангеловски, експерт во облата на бременоста и стерилитетот,ИТМ Скопје, на присутните им објасни зошто, кога и како се ординираат нискомолекуларни хепарини. Која е нивната улога, безбедноста и неопходноста кога е во прашање бременоста. Даде широк осврт кога е во прашање редовната анализа на крвта и кои параметри се неопходни за иследување.

„Д-димерите не се и не треба да бидат дел од рутинската проверка. . Се одредуваат во дадени состојби исклучиво на барање на Д-р специјалист гинеколог или трансфузиолог. Пациентот не би требало на свое барање и лична желба да ги одредува истите. Вредноста на Д-димерите не е показател за постоење на болест, нема простор за кревање паника, ниту пак таа вредност се третира. Гинекологот или трансфузиологот ќе одреди има ли некаква состојба и потреба од третирање на истата“, истакна Д-р Јани Ангеловски.

Д-р Мелита Илиевска Стојановска, ПЗУ Гинолабор, Куманово- со присутните разговараше за нега на кожа во бременоста и како да се спречи појавата на стрии.

„Појава на акни, трудничка маска (хлоазма), линеа негра, труднички сјај се вообичаени состојби на кожата кои можат да се појават за време на бременост. Најдобро е  да се користи што е можно поприродна козметика кога е во прашање нега на кожата за време на бременост“, рече д-р Mелита Илиевска Стојановска.

Стојановска се осврна и на храна и здравиот начин на живот пред се, за време на бременост, но и после, во улога на родител кој треба да се грижи за своето здравје и да биде пример за новите генерации.

Здрава и балансирана исхрана, богата со овошје и зеленчук е клучот за здравјето на целиот организам. Тоа, не само што е од огромна важност за вашето здравје и здравјето на бебeто, туку е добро и за вашата кожа. Храна богата со омега-3 масни киселини, цинк, витамин Ц и витамин Д е особено делотворна кога е во прашање здравјето на кожата. Пијте многу вода! Правилната хидратација е многу важна и за вашето здравје и здравјето на бебето, а во исто време ќе овозможи поубава кожа„ се надоврза д-р Стојановска.

Кога е во прашање хидратација, како на организмот важна е хидратација и нега и на кожата, за која што зборување Дипл. Фарм. Јана Цветковска Лазаревска, Специјалист по фитотерапија, воедно и основач на Ignea Cosmetics.

Јана се осврна на дозажните козметички форми за превенција на стрии. На присутните им ја објасни разликата помеѓу хидрантните препарати и маслата, јасно давајќи предност на хидрантните форми. Тие се во согласност со градбата на кожата и ја поддржуваат нејзината природна функција.

„Хидрираната кожа е поеластична и поцврста и поретко создава стрии. Ако дојде до создавање интензитетот и длабочината е далеку помала. Секојдневна употреба на масла доведува до дехидратација на кожата“ – истакна Јана Цветковска Лазаревска.

„Потрудете се наксимално да се посветите на вашето здравје, на внатрешна и надворешна нега и убавина, само така ќе дадете убав пример на вашите деца. Што вреди стрија или две во споредба со безусловната љубов која следи. Сакајте ги своите деца, , играјте се со нив, разговарајте, разбирајте ги, тоа е единствениот начин да се создаде здраво поколение полно со знаење и разбирање. Мајката е една од најважните карики која може да помогне во промена на светот.“ – беа завршните зборови на работилницата.

1 Comment

  1. Билјана

    Браво колеги. Браво Игнеа. Прекрасно!

    Reply

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Resent Post
Кога за квалитетот не зборува само брендот

Кога за квалитетот не зборува само брендот

„Природно“. „Clean“. „Premium“. „Иновативно“. „Ефикасно“. Во козметиката денес не недостигаат големи зборови. Но сите нив може да ги напише самиот бренд. Затоа за IGNEA меѓународните признанија имаат поинаква вредност. Не како значки на пакувањето. И не како доказ...

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Кој СПФ навистина го чува здравјето на кожата и организмот!

Употреба на било каков заштитен УВ фактор при престој на сонце и отворено е подобар од никаков. СПФ (Сончев Заштитен Фактор) e нумерички показател што покажува колку ефикаснo кремата за сончање ја штити кожата од UVB зраците или поточно ја намалува можноста за појава...

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Хидратација и регенерација – најдобра стратегија за превенција од стрии

Стриите се еден од најчестите предизвици кога кожата поминува низ промени – бременост, пубертет или нагло зголемување на тежината. Иако не постои 100% гаранција дека ќе се спречат, добрата вест е дека со правилна нега нивниот ризик може значително да се намали. Како...